Српската пејачка ги извади силиконите на 62 години

Српската пејачка Драгица Радосавлевиќ Цакана (62) призна дека неодамна ги извадила силиконските импланти, а сега веќе повтоно планира да направи нова корекција на своето тело.

Иако веќе ја гази седмата деценја таа не заостанува зад своите помлади колешки, но сепак е во потрага по добар хирург кој би можел да и ги „измазни“ брчките на вратот. Таа признава дека со тоа би го решила проблемот кој и го содадоа годините.

- На лицето немам никаква корекција и немам намера да направам нешто. Не сакам ништо спектакуларно да менувам само да го „средам“ вратот, ако постои таква корекција. Многу ме нервира тој врат, но само да не трпам болки, нека ме успијат, па ако треба и со чекан по глава- се шегува пејачката.

Коментари

Популарно