Почина поранешното момче на Џенифер Лопез

Поранешниот партнер на Џенифер Лопез, Дејвид Круз (51), починал во саботата, пренесува „TMZ“. За неговата смрт сè уште нема многу информации, но наводно починал поради проблеми со срцето.

Круз и Лопез беа во врска речиси 10 години, а почнале да се гледаат кога пејачката имала само 15 години. Нивната љубов сепак не успеала, а Џенифер денес е верена со Алекс Родригез.

Долгогодишната партнерка на Круз, Иса, за „TMZ“ раскажала дека тој му бил добар татко на нивниот син, кој сега е дел од маринците.

-Беше љубезен, мил и отворен. Сакаше да одиме во театар и да гледаме бејзбол натпревари. Никогаш не забораваше да ми каже „те сакам“, рекла Иса.

Коментари

Популарно