Секс за време на корона може - но само под одредени услови!

Социјалното дистанцирање е основно мото на борбата против ширењето на новиот коронавирус, но што значи тоа за интимноста?

Речиси е невозможно да се практикува социјално дистанцирање со партнерите со кои ги делиме домот и постелата. Затоа е легитимно прашањето - дозволен ли е секс во време на корона? Тројца лекари одговараат на ова прашање за весникот „Гардијан“.

-Нема сознанија дека вирусот е сексуално пренослив. Примарно, тој се шири преку респираторни капки од кивање и кашлање и секундарно, преку допирање инфицирани површини, вели др. Џесика Џастман, професор по инфектологија на универзитетот Колумбија.

-Но, бакнувањето е редовна практика за време на интимност, а вирусот може да се пренесе преку плунката. Значи може да се пренесе со бакнување. И со други начини на сексуално општење, што ја вклучуваат устата, вели др. Карлос Родригез Дијаз, професор по јавно здравје на Универзитетот Џорџ Вашингтон. 

Значи, дали е ОК да се има секс?

-Ако партнерот има Ковид -19 препорака е да стоите настрана од него. Се додека болеста не помине, што значи да немате температура 72 часа, без да користите каква и да е терапија што би ја прикрила и додека респираторните симптоми не исчезнат, вели д-р Џастман.

Но, за луѓето кои се дома и кои немаат симптоми и никаква изложеност на ризици, приказната е поинаква.

-Ако живеете со постојан партнер и немате никакви симптоми, ниту пак сте изложени на ризик од коронавирусот, сексот може да биде одличен начин за забава и за остварување блискост во ваков стресен период, вели д-р Џулија Маркус, епидемиолог на Харвард.

Генералната препорака е сега да се запре потрагата по нови партнери, а на постојаните, па за почеток да им се измери температурата! 

Коментари

Популарно