Мултимедијална личност Нивес Целзиум позната по своите провокативни облини и објави на Инстаграм кои мамaт воздишки кај многу мажи.
Сепак, изгледа дека корона вирусот влијаел дури и на Нивес, со што во изолација тотално се опуштила судејќи по нејзината последната објава на Инстаграм.
- Би ставила јас некоја убава фотка, упицанета, некоја фина гардароба, но ова е мојата реална состојба со денови, исфлекани тренерки, издупчена маица, косата е миена но неможам да се исчешлам. Незнам дали да се чуствувам лошо бидејќи по малку и уживам во оваа запоставеност. Кажете ми дали и вие сте вака – напишала по сликата.