ВИДЕО: Се сеќавате на момчето кое лижеше ВЦ школка сред пандемија?

Инфлуенсерот Ларц од Калифорнија, познат по своите секојдневни видеа кои што ги објавува на својот Инстаграм профил, моментално е во лоша здравствена состојба.

Овојпат тој одлучил да се придружи на “коронавирус предизвикот“ во кој морал да ја лиже ВЦ школката. Целиот предизвик го снимил и го споделил на социјалните мрежи.

Овој предивик се прошири по социјалните мрежи, а особено на апликацијата Тик Ток. Иако многумина се згрозени и не можат да веруваат дека некој го прави токму тоа, некои како што е на пример Ларц уживаат во тоа и собираат лајкови на социјалните мрежи.

Неколку дена по настанатото видео со ВЦ школката, Ларц објавил видео во кое што се наоѓа во болнички кревет и во кое што зборува дека е позитивен на коронавирусот, пренесуваат од „New York Post“.

Коментари

Популарно