Утре ќе е разрешена директорката на охридската болница

По вчерашната смрт на пациентката од Струга и нејзиното болничко незгрижување во охридската болница, денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека е донесена одлука директорката на болница во Охрид утре да биде разрешена.

По вчерашната смрт на пациентката од Струга и нејзиното болничко незгрижување во охридската болница, денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека е донесена одлука директорката на болница во Охрид утре да биде разрешена. Починатата беше на 66-годишна возраст од околината на Струга.

Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок. Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 Март) биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Коментари

Популарно