Италијанец роден во 1919 година го победил коронавирусот

101-годишен старец бил пуштен од болница во Италија откако било утврдено дека го совладал коронавирусот. Ова стои во соопштението на заменикот градоначалник во италијанското градче Римини.

Човекот минатата недела бил примен во болницата во Римини на североистокот во Италија и бил тестиран позитивен на Ковид-19.

Надлежните велат дека ова е “посебен случај” и единствен случај на човек со толку години да го совлада вирусот, што според нив “ќе даде надеж за во иднина”.

Човекот е роден во 1919 година, во истиот период кога во светот постоел шпанскиот грип, пандемија која убила од 30 до 50 милиони луѓе во светот.

Ги преживеал Првата и Втората светска војна и сега е најстариот пациент кој оздравел од коронавирусот.

Коментари

Популарно