Во Шпанија починаа 849 луѓе во еден ден

Според последните извештаи, во Шпанија, починале 849 лица во последните 24 часа а бројот на заразени е скоро 95.000.

Бројот на заразени од коронавирусот во Шпанија порасна од 85.195 во понеделник на 94.417 во вторник.

Бројот на умрени во текот на последните 24 часа се зголемил за 849, или вкупно 8.189 смртни случаи заради коронавирусот, според Министерството за здравство на Шпанија.

Коментари

Популарно