ВИДЕО: Боатенг и неговото семјство глумеа почеток на натпревар во ЛШ

Контроверзниот напаѓач Кевин Принс Боатенг оваа зима ја напушти Фиорентина и до крајот на сезоната (ако продолжи) ќе игра во Бешикташ на позајмица.

Боатенг во новиот тим одигра шест натпревари и постигна два гола, а прекинот на сезоната дојде додека играше во одлична форма. Додека се во своите домови Боатенг покажа дека му недостасува фудбалот.

Тој објави видео на кое заедно со своето семејство глумеа почеток на натпревар од Лигата на шампионите.

Коментари

Популарно