Спасовски: Минималните плати за април и мај ќе ги даде државата

Вториот сет на мерки што Владата ги усвои на денешната седница предвидуваат 17 мерки што се насочени главно кон малите и средни претпријатија.

Платите на вработените во приватниот сектор за април и мај ќе бидат покриени од државата во износ од 14.500 денари. Истата плата ќе ја добијат сите државни функционери.

Овие економски мерки мерки се донесени по широка консултација и суштинска дебата со членовите на Економскиот совет и деловната заедница, стопанските комори, угледни и успешни стопанственици, рече Спасовски.

Првата мерка подразбира финансиска поддршка за правните субјекти од приватниот сектор погодени од исплатата на плати на работниците за април и мај. Субвенцијата е 14.500 денари по работник. Ова е дел од владината програма за поддршка на работодавците, кои овие плати ќе ја исплатат преку месечната пресметка. Условите за исполнување на правото за користење на оваа мерка е компанијата да не исплаќа дивиденди и менаџерски бонуси, а ова нема да важи за оние што декември, јануари и февруари примиле плата повисока од 39.900 денари. Компанијата треба да го задржи истиот број на вработени до септември 2020. Оваа мерка ги опфаќа и медиумските правни субјекти.

Мерките важат и за занаетчиите, за кои ќе биде донесена дополнителна уредба, рече Спасовски. Мерките подразбираат и помош на спортистите од по 14.500 за април и мај, како и за 141 самостоен уметник.

Сите избрани и менувани функционери во овој период ќе добиваат минимална плата од 14.500 денари. Претседателите на советите, на надзорните и управните одбори од извршната и локалната власт, членови на комисии нема да земаат надоместок додека трае кризата.

Развојната банка ќе додели дополнителни бескаматни кредити од нови 8 милиони евра за микро, мали и средни претпријатија. Максималниот износ на кредит нема да биде поголем од 90.000 евра, а мининалниот износ не помал од 3.000 евра. Рок на отплатата е до 3 години и грејс период од 12 месеци. Нови 50 милиони евра од Развојната банка ќе бидат пласирани преку комерцијалните банки како кредити за мали и средни претпријатија, свеж капитал за нови проекти, нови вработувања, извоз, нови вработувања...

Коментари

Популарно