ФОТО: Ријалити ѕвезда го загубила чувството за мирис па открила дека има коронавирус

Рејчел Фентон, ѕвездата на реалното шоу „Љубовен остров“, споделила со своите следбеници дека е позитивно тестирана на коронавирусот, откако го загубила чувството на сетилото за мирис.

Рејчел, инаку специјалист во одделението за клиничка ортопедија, има 27 години, а во моментов е во самоизолација, каде ќе биде до комплетното закрепнување.

Ријалити ѕвездата навела два симптома на коронавирусот – висока температура и постојана кашлица која не престанува. Таа исто така нагласила, и покрај тестот што покажал дека е заразена, дека не се чувствува болна и додала:

– Не се чувствував лошо, се чувствував добро. Тоа не беше 100-процентно, но далеку од тоа дека ми беше лошо. Јас сè уште јадам и имам апетит. Морам да признаам дека моите симптоми се навистина благи – рекла таа.

Рејчел посебно истакнала дека луѓето мора да се изолираат ако забележат дека почнуваат да го губат чувството за мирис и вкус.

– Јас не се враќам на работа сè додека не одам повторно на тестирање и додека тој не биде негативен. Не сум сигурна кога ќе биде тоа. Засега сум во изолација и внимавам за себе. Не е толку страшно – истакна ријалити sвездата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

When that neck vein is popping you know the level of concentration is intense 🥵

A post shared by Rachel Fenton (@rachelfenton1) on

Коментари

Популарно