ВИДЕО: „Пепи ми беше дечко ама раскинавме, тепањето беше пред два месеци“

Во краткото видео таа открива дека била тепана од момчето пред два месеца и дека нема видливи повреди по телото зошто поминало многу време.

Во новото видео кое новинарот Фуркан Алиу го објави денеска на Твитер тепаното девојче од Штип ги објаснува околности под кои била тепана од страна на своето поранешно момче.

Таа денеска, по објавувањето на видеото со експлицитно насилство врз неа на социјалните мрежи, со нејзиниот татко биле во полициска станица по што, вели, тој не се чувствува добро цел ден.

Во краткото видео таа открива дека била тепана од момчето пред два месеца и дека нема видливи повреди по телото зошто поминало многу време.

СВР Штип денеска ги приведе двајцата штипјани кои навредувале и претепале 21-годишна девојка среде бел ден во влез на станбена зграда, при што целиот случај со снимиле на мобилен, а видеото се најде на социјалните мрежи. Тие ќе останат 24 часа во полициска станица.

Коментари

Популарно