Возачот пред неколку недели превозувал лице заразено со вирусот

Вработен во службата на Итна помош заразен од корона вирусот, потврди Директорот на Здравствен дом, Виктор Исјановски.

Возачот пред неколку недели превозувал лице заразено со вирусот, а поради тоа, самиот закажал тестирање во еден од пунктовите во Скопје. Утрово добил известување дека е позитивен на КОВИД 19. До денеска возачот немал симтоми, а претходно редовно бил ангажиран во службата.

Само во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 30 новозаболени, најмногу во Скопје, каде бројката на досега заразени од почетокот на епидемијата изнесува 195.

извор: kanal5.com.mk

Коментари

Популарно