Мексикaнската „Групо модело“ привремено ќе престане да го произведува пивото „корона“

Мексикaнската „Групо модело“ соопшти во четвртокот дека привремено ќе престане да го произведува пивото „корона“ и други брендови извезувани во 180 земји, откако нејзините деловни активности беа прогласени за несуштински според владината наредба насочена кон спречување на ширењето на корона вирусот.

Мексиканската влада оваа недела прогласи здравствена вонредна состојба и нареди прекинување на несуштинските активности откако бројот на случаи на коронавирус во земјата надмина 1.000. Во четвртокот имаше 1.510 случаи и 50 починати.

Пиварницата во изјавата рече дека суспензијата ќе започне во сила од недела и дека веќе била во процес на намалување на производството до ниво на кое би можело да се продолжи откако ќе се укине суспензијата.

Коментари

Популарно