ФОТО: Професор по биохемија открива колку е заразен коронавирусот

Гордан Лауч, професор по биохемија и молекуларна биологија на Факултетот за храна и биохемија во Загреб, ја сподели на својот Фејсбук профил анализата за преносот „Ковид-19“ во Сингапур. Оваа анализа ја објавил американскиот центар за контрола и превенција од болести.

„Пациенотот А5 се заразил така што седнал на истото место во црквата каде што седеле пациентите А1 и А2 кои во тоа време немале никакви симптоми.

Пациентите Ф2 и Ф3 се заразиле седејќи во редот зад Ф1 во црквата“ се наведува во анализата.Исто така се споменуваат и примери каде лице од хор заразило 40-60 лица.

Овој САРС-Ков-2 е многу заразен бидејќи се размножува во грлото и носот дури и пред да се појават какви било симптоми. Носете маски дури и кога немате симптоми (какви било маски, шамии, марама за нос и уста, итн. - маската не ве заштитува, но со тоа ги штити луѓето околу вас затоа што може да го ширите вирусот, дури и да не знаете) и измијте ги рацете. Сапун и вода се во ред, нема потреба од тежок алкохол или агресивни агенси кои ќе ви ја оштетат кожата - вели Гордан Лауч.

Анализата се занимава со предимптоматски случаеви кои пренесуваат зараза во Сингапур. Самата анализа покажува дека пациентот е заразен и тоа околу три дена пред да развие било какви симптоми, па со тоа додатно се дава до значење мерката за дистанцирање и изолација.

Коментари

Популарно