(ВИДЕО) Мајк Тајсон: „Го затекнав Бред Пит со мојата сопруга во кревет, беше издрогиран и ме молеше да не го тепам“

Поранешниот боксер за актерот Бред Пит мисли сè најдобро, иако во еден момент го уловил во спалната соба со неговата сопруга. Мајк Тајсон ги раскажал сите детали за таа непријатна ситуација, гостувајќи во некоја телевизиска емисија.

Во тоа време тој започнал бракоразводна постапка со тогашната сопруга Робин Гивенс и се подготвил да оди кај адвокат за да ги поднесе документите за развод.

Сепак, за последен пат одлучил да појде кај неговата сопруга поради ‘збогувачки секс’. Но, тоа што го затекнал во домот кој што некогаш го делел со својата сопруга, го оставило без текст.

Мајк вели дека Бред и неговата сопруга ги уловил пред сексуалниот чин, но дека му било јасно што би следело доколку не се појавел тој. Додал дека Бред се вкочанил кога го видел, што воопшто не му е чудно.

„Кога ме виде, целосно пребледе. Јасно можеше да се види дека е на некакви дроги и почна да ме моли да не го тепам“ – изјавил поранешниот боксерски шампион.

Боксерот бил оженет со Робин само една година, од 1988-та до 1989-та година, а потоа таа кратко време се забавувала со Бред Пит кој набрзо ја заменил со Џенифер Анистон. Нејзе пак, после пет години со Анџелина Џоли. Сега, 30 години подоцна, Тајсон вели дека Пит е добро момче и дека нема ништо против него.

Коментари

Популарно