Маж загина откако со четирицикл падна во река

Скопјанец загинал откако управувајќи со четирицикл паднал во река, информира МВР.

-Вчера во околу 19:40 часот пријавено е дека  на локален пат во село Глуво, скопско, 43-годишниот Г.Ј. од село Глуво, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во Бањанска река, по што бил изваден од случаен минувач, а од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција - соопшти полицијата.

Коментари

Популарно