Бројот на заболени од коронавирус во светот изнесува 1.130.933

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.130.933 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 60.150, а оздравеле 235.902 луѓе.

– Шестотини француски војници се заразени со коронавирус, соопшти Министерството за одбрана во Париз.

– Во Шпанија во последните 24 часа починаа 809 луѓе од коронавирусот, што е најмал број за едно деноноќие во последните осум дена.

– Индија забележа најголем пораст на новозарзени случаи со Ковид-19 во еден ден – 600. Повеќето од новите случаи се поврзани со религиозни собири.

– Во Белгија во последните 24 часа починаа 140 луѓе, а дополнително се заразиле 1.661 лице.

– Бројот на заразени со коронавирус во БиХ продолжува да се зголемува, до денеска надмина 600 лица, а истовремено пристигнуваат предупредувања дека на земјата и се закануваат социјални немири и дестабилизација.

– Австралиските научници почнаа да тестираат две вакцини против Ковид-19. Едната е создадена од експерти од Универзитетот Оксфорд, а другата од американската компанија „Иновио Фармацевтикал“.

– Во Русија во последните 24 часа починаа девет луѓе, а дополнително се заразија 582 лица. Со тоа бројот на заразени во земјата се зголеми на 4.731, а на починати 43 лица.

– Австралиската Влада побара од над два милиони луѓе со времени визи, вклучувајќи ги и студентите и мајсторите, да се вратат во своите земји, доколку не можат да опстанат по економскиот пад и невработеноста предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

– Во Швајцарија во последното деноноќие починале 13 луѓе, а се заразени нови 96 лица. Со тоа бројот на заразени во државата изнесуваа 19.702, а смртни случаи има 604.

– На Тајланд се намалува порастот на нови случаи на зараза со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

– Педест и осум годишен германски доктор е пронајден мртов во својот стан откако не ги следел препораките за самоизолација, бидејќи имал коронавирус.

– Меѓу 193 членки на ОН, 18 земји немаат пријавено ниту еден случај на Ковид-19.

– Во шпанските домови за стари и изнемоштени лица, тешко болните пациенти ги успиваат.

– Бројот на лица кои починале од коронавирус во Франција се зголемил за 61 отсто во последните два дена, откако се регистрирани и податоците од домовите за стари лица. Смртните случаи се сега 6.507, а бројот на заболени е зголемен за 44 проценти и изнесува 82.165 луѓе. 

Коментари

Популарно