Пандемијата на коронавирусот го забави движењето и на самата планета!

Пандемијата на коронавирусот влијае на животот на луѓето не само во здравствен, социјален и економски поглед. Светот застана, но застана и Земјата.

Според најновите информации, планетата исто така позабавено се мрда од вообичаено. Истражувачите кои ги проучуваат движењата на Земјата велат дека забележале намалување на сеизмичката бучавост во последните неколку недели, пишува „Nature“.

Последица на тоа е намалување на активноста, транспортот, движењето во целина. Цела една мрежа престана да работи, јавниот транспорт е затворен во многу делови на светот, луѓето не патуваат за да стигнат на работа, туку работат од дома, авионите не летаат. Молк што можат сите да го забележат, особено жителите на урбаните подрачје. Толкав молк што детекторите можат да следат со многу поголема точност, дури и најмал потрес, како и вулканска активност и други сеизмички движења.

Инаку, намалувањето на бучавата се забележува околу Божиќ, објаснува Томас Лекок, белгиски сеизмолог кој прв го забележа намалувањето на бучавата. Исто како што природните движења, како што се земјотресите, влијаат на Земјината кора, така на неа влијаат и сите вибрации произведени од возилата што се движат и индустриската машинерија, објаснува тој. И додека индивидуалните влијанија се занемарливи, тие заедно создаваат значителна количина на позадинска бучава која ги намалува обидите на сеизмолозите да забележат други сигнали на истите фреквенции.

Затоа тие во последниве недели слушаат подобро од кога и да било.

Доколку ограничувањето на движењето продолжи, детекторите кои се инаку позиционирани во градовите, ќе можат полесно да ја идентификуваат локацијата на треперење на тлото после земјотрес. Односно, полесно ќе може да се пресмета каде тлото најсилно ќе се тресе во однос на епицентарот.

– Сигналите ќе бидат придружени со помалку бучава што ќе ни овозможи од секое трепереење на земјата да добиеме повеќе дополнителни информации кои инаку не би можеле да ги забележиме – вели сеизмологот Енди Фрасето.

Недостатокот на човечка бучава им овозможува и на оние кои се занимаваат со проучување на движењата во океаните да регистрираат повеќе информации и при тоа да дознаат повеќе за самите движења во кората на земјата.

 

Коментари

Популарно