Регистрирани нови 15 случаи на коронавирус во Македонија

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 570 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти. Почина пациент од Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката, без познати коморбидитети, пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходни коморбидитети и уште еден пациент од Тетово на возраст од 65 години.

Од оваа клиника денеска се испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и истите се сметаат за оздравени.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 239

Куманово - 121

Дебар – 49

Штип - 20

Прилеп – 33

Тетово – 29

Струга – 25

Велес – 10

Битола – 6

Охрид – 3

Кавадарци – 2

Гостивар – 4

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка- 3

Радовиш -4

Крушево – 2

Кочани – 14

Коментари

Популарно