ВИДЕО: Во седмата деценија од животот славниот актер ќе добие дете

61-годишниот актер Алек Болдвин и неговата 35-годишна сопруга го чекаат петтото дете. Неговата сопруга убавите вести ги објавила на својот Инстаграм профил.

„Вклучете звук. Ќе го пуштам бебето да зборува затоа што изгубив зборови со кои можам да опишам како се чувствувам кога ќе го слушнам овој звук. Штотуку добив вести дека со бебето е се во ред и сакав тоа да го споделам со вас. Одиме од почеток“, напишала таа.

Хиларија минатата година два пати имала спонтан абортус, што не ги спречило да се обидуваат да добијат дете.

Алек и Хиларија имаат четири деца, додека актерот од претходниот брак со Ким Бесинџер ја има и најстарата ќерка Ајрланд Болдвин.

Коментари

Популарно