Дафи: „Ме дрогираше, силуваше и ми се закануваше дека ќе ме убие“

Пејачката Дафи, некогашна голема ѕвезда, ја отвори душата за 4-неделниот пекол низ кој што поминала пред 10 години и од кој никогаш не закрепнала.

Дафи открила дека прво била дрогирана во својот дом, а потоа силувана, а потоа одведена во странство каде што се разбудила и не знаела каде се наоѓа.

Ова е прва нејзина исповед во детали за ужасното искуство поради кое не се појави во јавноста цела една деценија.

„Силувањето е како убиство во живо, живи сте, но мртви сте“ – напишала таа.

„Ми требаше многу време повторно да ‘соберам’ живот на едно место“.

Дафи во 2008-та година имаше најпродаван албум во Велика Британија и освои три Греми награди, но целосно исчезна по објавувањето на вториот албум во 2010-та година.

Нејзината подолга објава во која што не го именува силувачот, следела по еден месец откако на социјалната мрежа Инстаграм ги објавила првите детали.

„Ми беше роденден. Бев издрогирана прво во ресторан, а потоа дрогирана 4 седмици, патував во странство.

Не се сеќавам на влегувањето во авион, а почувствував како се наоѓам во некој автомобил. Ставена бев во хотелска соба каде што тој ме силуваше. Се плашев дека ќе ме убие. Сакав да побегнам, но се плашев“.

Таа напишала дека не знае откаде ѝ останало сила да го издржи сето тоа што ѝ се случувало.

„Почувствував присуство на нешто што ми помогна да останам жива“.

Таа потоа објаснила дека се вратила со својот напаѓач во Велика Британија, но знаела дека животот ѝ е загрозен, затоа што тој ѝ се заканувал дека ќе ја убие.

„Мислев дека не е сигурно да одам во полција. Мислев, доколку нешто тргне наопаку дека тој ќе ме убие“.

По сето ова, пејачката помислила на самоубиство.

„Ќе ја соблечев пижамата и ќе ја ставев во оган. Косата ми беше заплеткана затоа што не ја чешлав. Подоцна целосно се исеков. Дозволив мојот силувач да ми биде цимер. Мислев дека ќе ги објавува моите приказни за да ми го уништи животот. Мислам дека фактот што повеќе не пеам може да ме убие.

Морам да бидам силна и да се соочам со сето тоа. Не можам да го избришам, но морам да бидам искрена кон себе. Сега оваа деценија можам да ја оставам позади себе. Веројатно никој повеќе нема да праша ‘што ѝ се случи на Дафи?’“.

Коментари

Популарно