Газда на ресторан во Скопје воодушеви со својот гест

Газдата на националниот ресторан “Maл Алтан” од Скопје, Горан Блажевски напиша статус на својот Фејсбук профил со кој ги освои симпатиите.

“Јас Горан Блажевски, сопственик на Мал Алтан, моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам, а посебно пошто знам како е да немаш, и така да ако треба ќе делам на пола, моите вработени ќе имаат поддршка целосна, од мене и мојата фамилија”, напиша Блажевски.

Неговиот статус на Фејсбук за кратко време се прошири на социјалните мрежи, а Блажевски добива пофалби за ваквиот гест.

Коментари

Популарно