Силно невреме во Србија: Град со големина на орев предизвик големи штети

Невреме вчера ја зафати западна Србија, град со големина на орев беше забележан во општина Сјеница, каде невремето предизвика штета на покривите на куќите и автомобилите.

Невремето сериозно ги погоди селата Багашиќ, Горња Вапа и Штав.

-Невремето беше страшно, небото се спушти на земја и тогаш започна градот. Сето тоа траеше околу 15 минути и верувајте ми дека се исплашивме. После ова не останува ништо од жетвата, рече Жељко Враниќ од Сјеница.

Коментари

Популарно