Предлог за денешен ручек

Пилешко со печурки – вкусна комбинација..

СОСТОЈКИ:

1 цело пиле

200 гр свежи шампињони

100 гр тврдо сирење

1 поголема главица кромид

3 лажици сув зачин

малку бибер

1 лажица црвен пипер

малку масло

конец за врзување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Издинстајте го кромидот со шампињоните на малку масло, и зачинете. Месото одвојте го од коски.

Истанченото месо зачинете го со сув зачин, бибер и пипер.

На целата површино ставете динстани шампињони и од горе наредете листови сирење.

Внимателно свиткајте, врзете со конец, ставете во тепсија и прелијте со малку вода и масло.

Печете околу 2 часа на 200 степени.

Коментари

Популарно