Да не ви се верува

Снимката од два мајмуни кои се караат околу празно шише од пиво насмеа многумина на социјалните мрежи.

Видеото кое го сними Тим Браун, водачот на сафари во Националниот парк Кругер во Јужноафриканската Република, беше објавен неодамна на неговиот профил на Јутјуб, а малку потсетува на филмот „Боговите паднаа на теме“, во кое шише кока-кола предизвика многу зло.

И додека снимката многумина насмеа, сепак имаше и такви кои ги растажи.

„Како е ова смешно? Изненаден сум што постојат такви работи и како нив. Можеме само да се молиме дека шишето нема да се скрши и нема да се повредат“, е една од реакциите.

„Не грижете се, ги избркав подоцна и го собрав ѓубрето, чие и да беше“, одговори Браун.

Коментари

Популарно