Направете вкусна мусака со праз
СОСТОЈКИ:
150 гр. праз
200 гр. пилешко мелено месо
100 мл. кисела павлака
2 јајца
сол, бибер и маслиново масло
ПОДГОТОВКА:
Се мие празот и се сече ситно.
Се пржи на масло со зачини.
Се става во огноотпорен сад со пилешкото месо сечено и пржено на масло.
Се матат јајца со павлака па се става сол и се става врз месото.
Се пече на 200 степени 20 минути.
Извор: Готви.мк