Сања Лукаревска: Исплатата на помошта за април реализирана, за мај започнува од 1 јуни

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, објави дека исплатата на државната помош за плати на засегнатите дејности од корона-кризата е реализирана за месец април и дека од 1 јуни започнува поднесувањето на барањата за месец мај.

„Успешно ја реализираме Мерката за финансиската поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година. Од 1 јуни започнува поднесувањето на Барања за финансиска поддршка за исплата на платите за месец мај, а ние сме подготвени за прием и обработка истите“, напиша Лукаревска.

Истовремено објавено е кратко видео од УЈП за чекорите за поднесување на барањата, нивното одобрување и исплата на финансиската поддршка.

Коментари

Популарно