Романтичарите“ негативни на COVID-19

Утринава пристигнаа резултатите од вчерашното тестирање на фудбалерите на прволигашот Работнички кои се негативни за сите.

Дебармаалски Работнички од денеска може слободно да им се посвети на враќањето на фудбалските активности. Тестовите за коронавирусот направени во текот на вчерашниот ден под покровителство на Синдикатот на фудбалери на Македонија даде негативни резултати за сите тестирани.

Не беа тестирани единствено тренерот Ратко Достаниќ и централниот дефанзивец Драшко Ѓорѓевиќ кои се наоѓаат во родната Србија и поради затворените граници сѐ уште не се пристигнати, но тоа се очекува да го направат во првата прилика штом границите се отворат.

Од СФМ најавуваат дека денеска мобилна екипа на „Аџибадем Систина“ ќе изврши тестирање и во таборот на тамошните прволигаши Ренова и Шкендија.

Синоќа тестирани беа и фудбалерите и стручниот штаб на второлигашот Брегалница чии резултати се очекуваат во текот на денешниот ден. Штипските „Сини“ мораа да се тестираат иако сезоната во Втората лига Исток дефинитивно нема да се доигра, но како полуфиналисти во Купот на Македонија тие сепак во јуни ќе ја тркалаат топката барем на еден натпревар.

Претходно тестирани беа Академија Пандев и Борец и таму сите тестови се негативни.

Коментари

Популарно