Млад пар од Босна и Херцеговина патуваат околу светот со Фиќо

Своето патување околу светот го прават со нивниот најдобар пријател, “фиќото”. Тие се Амар Чамо (31) и Лејла Чамо (28) од Босна и Херцеговина, а на инстаграм познати како “ficacrew”.

– Фиќото влезе случајно во нашиот живот, мојата мајка случајно го видела кај еден човек и ми даде идеја дека би било добро да го купиме. Кога одлучивме да го купиме, сопственикот веќе го продал, а ние зопчнавме со потрагата по малото зелено возило. Конечно успеавме да го најдеме, ја започнува својата приказна за српски “Блиц”, Амар Чамо.

– Фиќото не го купивме за да привлекуваме внимание, туку станува збор за љубов кон старите, а некогаш популарни автомобили. Во тој период планиравме да патуваме и ни беше потребен автомобил.

– Во досегашните патувања, видовме различни реакции од луѓето. Некои не гледаат како социјални случаи кои немаат пари за возило, додека има и такви кои ја сфаќаат убавината на она што го имаме ние.

-Фиќото е нашиот животен сопатник. Никогаш не не’ изневерило.

Коментари

Популарно