Борделите донесоа нов правилник за работа

Јавни..е куќи во Швајцарија сакаат да продолжат со работа по карантинот што беше воведен заради пандемијата на коронавирусот. Тие веќе подготвија протокол кој треба да ја гарантира безбедноста на се*суалните работнички и на клиентите – се*с со маски, две пози, дезинфекција…

Асоцијацијата на се*суалните работници „ПроКоРе“ објави хигиенски водич со надеж дека швајцарската влада ќе ги уважи нивните барања за враќање на работа на 8 јуни. Иако со се*сот не се одржува физичка дистанца, од асоцијацијата предложија се*с пози кои максимално одалечуваат две личности. Како што предлагаат, тоа би биле само „кучешка“ поза и „превртена каубојка“. Тие предлагаат сесијата да трае најмногу 15 минути, собите да се проветруваат меѓу две сесии, а постелнината да се менува и да се пере со дезинфекциско средство. Поради безбедноста, клиентите ќе мораат да ги остават своите податоци и тие ќе се чуваат четири недели. Ако некоја од прост итутките се зарази, тие би знаеле со кого имала контакт.

Со правилникот се забранува секаков начин на допирање на лицето, а се препорачува и носење маски.

Коментари

Популарно