Зеќири се заразил кај брат му на ифтар, интензитетот на преносливост кај Лукаревска е ослабнат

Потпретседателот Мухамед Зекири е заразен одејќи на ифтар кај својот брат. Снаата веројатно се заразила од своето семејство, не сме ги почитувале мерките доволно како луѓе, рече на прес конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев за позитивните на ковид-19 во раководството на СДСМ.

– Разговарав синоќа со Филипче, кај Сања Лукаревска интензитетот е целосно олабавен и преносот не е како кај Мухамед Зеќири. Она што останува како заклучок е да се почитуваат мерките – рече Заев.

Коментари

Популарно