Андов: Игор Дурловски прв ми рече „Ќе изгубите“

Филип Андов, поранешниот советник на Зоран Заев како претседател на Владата, изјави дека Игор Дурловски, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прв го испровоцирал по вчерашниот инцидент.

Дурловски вчера реагираше дека лицето познато уште во јавноста и како Сокол му се заканил откако се пресретнале со автомобилите и му рекол „Ќе си лежите уште 100 години“ по што оперскиот пејач, како што вели тој, случајот го пријавил во полиција.

- Во врска со наводниот инцидент денеска ќе кажам дека ситни шарлантантски игри не коментирам. Некаде околу 13 часот се пресретнавме на семафори при што го отвори прозорецот и цинично ми довика ,,ќе изгубите” при што му кажав „сто години треба да лежите, времето на дпмне и квази патриоти заврши“.Уште не сум бил во полиција може и лаже дека пријавил, а и не знам по кој основ би го направил тоа, изјави Андов за 24 Инфо.

Тој додаде дека не е повеќе советник на Заев откако тој си поднел оставка како премиер за да се формира техничка влада.

Коментари

Популарно