Колку смисла имаат тестовите на антитела на коронавирус?

Русија, Италија, но и многу други земји сакаат масовно да ги тестираат граѓаните за да видат дали биле во контакт со коронавирусот. Но, дали на тој начин може да се дојде до точен заклучок?

Во Русија со недели во сила се строги мерки за забрана за напуштање на домовите, но и покрај тоа, бројот на новозаразени рапидно расте: па само во саботата беше објавено дека имало над 9.400 нови инфекции.

Сега, со масовното тестирање на граѓаните сакаат да видат дали тие создале антитела на коронавирусот со што би можеле подобро да го следат развојот на пандемијата. Италија исто така сака масовно да ги тестира граѓаните за да утврди колку навистина се заразени со Ковид-19.

Со, таканаречените серолошки тестови (ЕЛИСА) можат да откријат кој бил веќе заразен со вирусот САРС-КоВ-2. Потребна е мала количина на крв која се тестира во лабораторијат за присуство на имуноглобулини IgM и IgG создадени од човечкиот имунолошки систем за борба против вирусот. Ако тоа е случај, шемата ја менува бојата.

Кој е веќе имун?

Оваа потрага по веќе стекната имунолошка особина всушност служи за да се открие колку луѓе веќе биле заразени бидејќи многумина покажуваат само минимални или дури и никакви симптоми на болеста. Секако е добро да се знае кој всушност ја прележал болеста: тие се исто така идеални крводарители затоа што нивните антитела би им помогнале и на оние кои се лекуваат од Ковид-19.

Покрај тоа, лицата со стекнат имунитет на САРС-КоВ-2 можат да се грижат за заболените од Ковид-19, бидејќи ризикот од можноста повторно да се разболат е многу помала.

Колку се сигурни?

Точноста на ваквите тестови за корона е околу 99 отсто. Тоа звучи како многу, но во овој случај тоа не е доволно. Бидејќи тој преостанат процент значи можна само едноставна грешка на испитната сондат, но постои и можност таа личност да развила отпорност, но не кон вирусот САРС-КоВ-2, туку на некој друг вирус од семејството корона.

Оф таа математика!

Проблем е и самата статистика и примерокот што се мери. Земете ја Германија на пример: до четвртокот (26-ти мај), заразени се вкупно 182,000 луѓе – далеку под 1 процент на 83 милиони жители, дури и под толеранцијата на грешка во тестот. Од друга страна, ако сите граѓани на оваа земја беа навистина тестирани, може да има четири пати повеќе „заразени“ луѓе во таа граница на грешка отколку што имаше навистина.

Се разбира, производителите на овие тестови го подобруваат својот производ и тврдат дека нивната точност е веќе „речиси 100 отсто“. Но, целосно и апсолутно точен тест е секогаш невозможен.

Дотолку големото прашање е, што би се мерело воопшто со масовно тестирање во Русија: на крајот на мај во таа земја имало нешто повеќе од 350 илјади заразени лица, но исто така е земја со околу 150 милиони жители.

Тоа во никој случај не значи дека овие тестови не се неопходни и немаат смисла: нивната точност е сè уште доволна за грубо лоцирање на текот на пандемијата и преземање мерки за многу веројатно (со 99 отсто точност) да го спречат нејзиното ширење. Но, масовното тестирање не е метод со кој сите опасности би исчезнале преку ноќ и ќе престане потребата од разумни мерки за борба против инфекцијата.

Коментари

Популарно