Раскошно јадење со лосос

Направете лосос со крцкава кора од рерна.

СОСТОЈКИ:

600 гр. лосос

40 мл. маслиново масло

30 мл. сок од лимон

15 гр. мед

2 чешни лук

20 гр. сенф

25 гр. бадеми лупени

2 струка магдонос

50 гр. леб бајат

1 лажиче сол

ПОДОТОВКА:

Се чистат филетите лосос и се става сол.

Се толчи лукот, се меша со масло и со сенф и мед, се ддава сок од лимон и малку сол.

Се меша додека не обели смесата и се премачкува рибата од сите страни.

Се мелат во блендер бадемите со леб и со магдонос.

Се става смесата врз лососот и се пече на плех со хартија на 200 степени 25 минути, додека не добијат златна боја.

Се сервира раскошното јадење со лосос со бело вино.

Коментари

Популарно