Видео: Шерон Стоун со својот изглед ги шокир..е сите

Познатата актерка Шерон Стоун за која  се пишуваше дека е  како вино, колку е постара толку подобро. Сепак, нејзиното ново издание, кое „се појави“ на социјалните мрежи, ги изненади фановите кои едвај ја препознаа.

Атрактивната актерка од „Ниски страсти“ го поддржа движењето #BlackLivesMatter, после насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Таа направи бизарно видео за тоа како да се направи безбедна просторија.

"Здраво луѓе. Сега сме среде хаос. И ако сте некаде каде се чувствувате несигурни, треба да го сторите тоа. Најбезбедно место во вашата куќа би можело да биде бањата затоа што веројатно таму имате најмалку прозорци", започна Шерон на Инстаграм.

Потоа продолжи со смешни совети.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Make a safe room here’s how 👍🏻💪🏻

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on

„Може да ставите неколку ќебиња и перници во кадата, можеби ќе треба да преспиете таму“, рече таа.

Сепак, овие бизарни совети беа засенети од нејзиниот изглед. Многумина коментираа дека таа не личи на себе, дека остарела „преку ноќ“ и дека лицето изгледа „испиено“.

Коментари

Популарно