Скопје масовно „се празни“

Од рубриката „Каде се, што прават“ за денес издвојуваме дека скопјани си заминаа од Скопје. И тоа не во мал број, туку масовно, за што сведочат и фотографиите од патарините на излез од Скопје.

Затвореното Скопје, поради рестриктивните мерки за заштита од ширење на заразата со Ковид-19 ги префли скопјани во викендиците, но и во туристичките дестинации во државата.

Полициски час од денес (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро ќе има во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково,Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите останати градови полицискиот час да трае од денес (4 јуни) во 21 часот до утре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.

И од Автомотосојузот на Македонија попладнево информираа дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен.

   

Коментари

Популарно