Познатата пејачка Александра Пријовиќ заблеска на забавата по повод раѓањето на малиот Жељко, синот на Богана Родиќ и Вељко Ражњатовиќ, која беше организирана во семејниот дом на Дедиње.
Пријовиќ беше една од поканетите гости, а на прославата беше одлично расположена, па насмевката од лице не ја тргаше воопшто.
Музичката ѕвезда направи лудница кога пристигна, па сите ја опколија, кои сакаа да ја фотографираат од секој агол, додека таа порача дека на Жељко му посакува се најдобро, а притоа им честиташе на семејствата Родиќ и Ражњатовиќ.
Александра по пристигнувањето на забавата го зема микрофонот, па и таа запеа пред сите.