(Фото) Згодната Цеца во привлечно издание дојде по внукот Жељко

Цеца Ражњатовиќ стигна по внукот Жељко и снаата Богдана, кои денеска излегуваат од приватната болница во која се породи младата мајка.

Доктоот Миленко Пророчиќ ја породи Богдана, а интересно е тоа што тој ја породуваше двапати Цеца во минатото.

Интересно е дека Жељко дојде на денот кога е роден неговиот дедо Богдан. На денот на раѓањето на Жељко беше организирана голема прослава во вилата на Цеца, на која присуствуваа многу гости.

Ден подоцна веселба беше организирана и во Тител, каде што и таму беа пречекани голем број на гости.

Богдана и Вељко се венчаа на 24 ноември 2019 година во Белград, а претходно беа во емотивна врска две години.

Коментари

Популарно