Денеска се потврдени 125 нови случаи на ковид 19, две лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Прилеп-1, Тетово-16, Струга-7, Велес-3, Битола-1, Охрид-5, Гостивар-6, Кочани-1, Делчево-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, во Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4 и Свети Николе-1.

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124. Последната дистрибуција по градови е следна:

•       Скопје 1201, активни 595

•       Куманово 545, активни 129

•       Дебар 52, активни 1

•       Штип 161, активни 123

•       Прилеп 218, активни 29

•       Тетово 273, активни 115

•       Струга 98, активни 26

•       Велес 141, активни 27

•       Битола 30, активни 4

•       Охрид 30, активни 13

•       Кавадарци 6, активни 1

•       Гостивар 47, активни 26

•       Гевгелија 6, активни 2

•       Струмица 5, активни 2

•       Крива Паланка 6, активни 0

•       Радовиш 4, активни 0

•       Крушево 3, активни 0

•       Кочани 43, активни 12

•       Пробиштип 5, активни 3

•       Демир Хисар 1, активни 0

•       Македонски Брод 2, активни 0

•       Пехчево 3, активни 0

•       Берово 2, активни 1

•       Валандово 3, активни 2

•       Виница 3, активни 1

•       Делчево 2, активни 1

•       Кратово 3, активни 1

•       Свети Николе 3, активни 2

•       Кичево 3, активни 1

•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со PCR метода –41 и МАНУ -55.  Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Коментари

Популарно