(Фото) Николовски: Имав шанса на кратко да отидам на чист воздух до Берово

Генералниот секретар попладнево на Фејсбук сподели дека продолжениот викенд го поминува надвор од Скопје иако претходно на граѓаните им порача „да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој“, што предизвика бројни негативни реакции.

„Благодарен сум и среќен што на истокот каде што е мојата изборна единица, мерките се помалку рестриктивни и нема целосна забрана на движењето, па имав шанса на кратко да отидам на чист воздух до Берово, во најубавата природа од овој дел од земјата.

Ви го пишувам ова од мојот роден град, Крива Паланка. Не сум прекршил никаков карантин, ниту некогаш ќе го игнорирам поставениот ред“, пишува Николовски.

Коментари

Популарно