Нова сезона „Опуштено“ со Тони и Део на МТВ

Како и минатиот, така и овој пат, домаќин ќе биде популарниот актер, кој токму со оваа емисија рушеше рекорди на гледаност

td

На голема радост на македонските гледачи, на тв-екраните повторно се враќа една од најгледаните ток-шоу емисии, „Опуштено“ со Тони и Део.

На Македонската радио и телевизија многу наскоро ќе почне да се емитува тв-проектот што до пред некоја година беше една од најгледаните забавни емисии што се појавиле на македонскиот тв-етер. Како и минатиот, така и овој пат, домаќин ќе биде популарниот актер, кој токму со оваа емисија рушеше рекорди на гледаност, а по сè изгледа друштво ќе му прави Део.

DDD-549x800

Како што успеавме да дознаеме од блиски избори на актерот, преговорите со телевизијата веќе се при крај, а уште останува да се потврди денот и тајмингот на емитување.

Телеграф.мк

Коментари

Популарно