ОГЛАС за вработвање во КАМ: Плата 60.000 - 75.000 денари!

KAM e единствен синџир но маркети во Македонија кој ги применува европските принципи на хард-дисконт: висок квалитет и постојано ниски цени. Располагаме со широко распространето мрежа од 57 маркети, со најголема посетеност од 1.500.000 купувачи месечно. Заради натамошен развој, нашата компанија има потреба од кандидати )а следниве позиции:

KamMarketOhrid-620x360

Директор на набавки

Вие треба да ја преземете одговорноста за редовна и сигурна набавка, квалитети најповолна цена.

Ваши задачи:

- раковадење, обучување и мотивирање на тимот од соработници од 15 лица

- креирање на асортиманот согласно утврдените принципи на компанијата;

- самостојно договарање, подготвување и предлагање на договори со добавувачи;

- водење на секторот Набавка и директно известување кон управата (генералниот директор):

- избирање оценка на добавувачите;

- следење на понудата и конкуренцијата;

- натамошен развој на трговски марки

- предлози зо реклами и акции;

- изготвување предлози за елиминирање и воведување производи согласно концептот на хард-дисконт;

- раководење со дневни, неделни и месечни контроли на квалитетот;

- управување со оперативни процеси;

Ваш профил:

- имате завршено економски факултет;

- располагате со обемно познавање на браншата и артиклите;

- имате искуство од минимум 10 години на раководна позиција во компании кои се занимаваат со дистрибуција; искуството со дистрибуцијата на брендови од странски компании ќе се смета за предност;

• имате одлично познавање на MS Office, напредно познавање на MS Office Excel;

• одлично познавање на германски или англиски јазик;

• решителност, уверливост и способност за работа под притисок;

• имате возачка дозвола ад Б-категорија,

Основната нето плата предвидена за оваа позиција е 75.000 денари месечно (нето), односно 113.048,00 денари бруто. Дополнително се исплаќа бонус на крајот на годината.

Работно време: од 08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.

Маркетинг менаџер

Ваши задачи:

- изработка и спроведување на маркетинг планови и маркетинг стратегија на компанијата;

- подготовка на буџетот за маркетинг во соработка со останатите членови на менаџерскиот тим;

- подготовка и реализирање на медиа планови;

- подготовка на неделни и дневни информации за рекламни (принт огласи) за печатени медиуми; организирање на изработка на летоци, огласи;

- следење на странски и домашни реклами од областа;

- контакти со медиуми / маркетинг агенции;

- Event management - изготвување предлози за организирање на промоции и презентации - позиционирање на акциски производи;

- осмислување и следење на резултатите од акциите;

- раководење и обучување на останатите членови на секторот Маркетинг.

Ваш профил:

- високо образование од областа на економија или маркетинг менаџмент;

- работно искуство во областа на маркетинг минимум 5 години;

- искуството стекнато ва маркетинг агенција ќе се смета за предност;

- имате одлично познавање но MS Office, особено напредно познавање на MS Office Excel, Illustrator, CorelDraw, Photoshop;

- имате одлично познавање на англиски и германски јазик

- самостоен сте и ориентиран кон резултати;

- имате одлични комуникациски, организациски, презентерски способности и чувство за естетика и уредност.

Основната нета плата предвидено за оваа позиција е 60.000 денари месечно (нето), одноно 90.216,00 бруто.

Работно време: од 08:00 до 16:00 часот од понеделник да петок.

Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани сте и подготвени за нови успеси, испратете Ваша биографија (CV) на долунаведената е-пошта или адреса. Рокот за пријавување е најдоцна до 10.03.2014. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

КАМ ДОО Скопје ул. „Индустриека" бб Скопје (Товарна) [email protected]

Коментари

Популарно