Пристигна финалната верзија на популарната македонска мобилна апликација CLAXI !!!

CLAXI мобилната апликација за повикување на такси и нејзината финална верзија која корисниците нетрпеливо ја очекуваа пристигна. На големо барање на патниците и возачите CLAXI е во постојан раст и се шири. Во моментвов привилегиите на ова апликација можат да ги користат патницте и возачите од Скопје, Куманово и Битола, наскоро и пошироко низ целата територија на Македоија.

claxi

Финалната верзија на CLAXI ви нуди многубројни поволности со кои ви се олеснува секојдневното повикување на такси, со оваа апликација можете да повикате такси без телефонски повик а истовремно да добиете голем број на понуди од целата такси мрежа, CLAXI ви овозможува сами да го одберете вашето такси според понуда на цена, квалитет и време на пристинување.

Тимот на оваа популарна македонска апликација постојано работи на подобрување на CLAXI и на воведување на нови поволности и начини како да ги задоволи своите корисници. Токму поради тоа, отсега патниците ќе можат да остварат директна телефонска комуникација со возачите, со цел технолошко усовршување на комуникацијата помеѓу патникот и возачот.

Оваа супер лесна апликација можете да ја симнете на следниот линк: http://bit.ly/1t9WGyv, а за секое прашање или информација посетете ја

Web страната на CLAXI: http://www.claxi.net/, нашата Facebook страна: https://www.facebook.com/claxi.net или контактирајте не на [email protected].

CLAXI – taxi just a click away.

„Фејсбук„ и „Инстаграм“ најпопуларни социјални мрежи кај Македонците

Во државава има 1,1 милион корисници на социјалната мрежа Фејсбук, за сто илјади повеќе во однос на минатата година, а повеќе од половина милион или 540 илјади лица се приклучени на Инстаграм.

Според податоците на специјализираниот сајт statista.com, од регистрираните 1,58 милиони корисници на интернет во државава, две третини се активни на некоја од социјалните мрежи, најмногу на Фејсбук и на Инстраграм .

Во светот има 4,1 милијарда интернет корисници, а 3,2 милијарди од нив користат социјални мрежи.

Предничи Фејсбук со 2,37 милијарди корисници, по што следат Јутјуб со две милијарди, ФБ месинџер со 1,3 милијарди, Инстаграм со милијарда, Твитер со 330 милиони…

Дали овој телефон е „најдобар“

Наградата за најдобар  паметен телефон во светот од EISA (Expert Imaging and Sound Association) му беше доделена на Huawei .  Телефонот е прогласен за најдобар паметен телефон за 2019-2020 година, а компанијата ја освојува оваа награда втора година по ред.

Експертите од EISA ја истакнаа можноста за фотографирање во услови со слабо осветлување на Huawei P30 Pro како далеку најдобра која моментално може да се добие на паметен телефон. Исто така, пофалби доби и широкиот објектив, портретниот начин на снимање и перископскиот 5X телефотообјектив, со што Huawei го надминува секој конкурент.

Huawei P30 Pro направи неверојатен чекор напред во мобилната фотографија со претставувањето на SuperSpectrum сензорот, оптичкиот SuperZoom објектив и новата ToF (Time-of-Flight) камера, како и со подобрувањето на технологијата за оптичка и AI стабилизација на сликата.

Ненадминливиот систем од Leica камери се состои од 40 MP главна камера, 20 MP ултра камера со широк агол, 8 MP телефото и ToF (Time-of-Flight) камери. Новиот перископски телефото објектив дава повеќе можности за оптичко зумирање во компактното куќиште без губење на квалитетот на фотографијата. P30 Pro исто така има и најдобра батерија во категоријата со капацитет од 4200 mAh, која со едно полнење овозможува до два дена постојано користење на телефонот.

Наградата на Huawei официјално ќе му биде доделена во текот на Саемот за потрошувачка електроника во Берлин (IFA) на 6 септември за време на свеченото отворање.

ВИДЕО: Инстаграм активираше нова опција за сите

Андроид и iOS корисниците на апликацијата Инстаграм отсега имаат можност да користат нова опција „Quiz“ во склоп на Инстаграм стори опцијата.

„Quiz“ е можност за поставувае прашања и однапред дефинирање одговор, од кој гласачот бира еден. На крајот е можно да се видат резултатите на квизот, а најдолго до 24 часа, колку што траае Инстаграм стори објавата.

Како Инстаграм Квиз опцијата се користи и како изгледа погледнете во официјалната објава на Инстаграм на мрежата Твитер.

Претходно, минатата недела се појави шпекулацијата дека Инстаграм тестира промени кои ја вклучуваат и можноста самата централа да ги скрие „лајковите“ од вашата публика.

Популарно