ВИДЕО: Се за слава - Саше Политико повторно ја излажа македонската јавност!

На денешната прес конференција на која Саше Ивановски бараше прием кај амбасадорите на САД и ЕУ во Македонија, тој пред новинарите изјави дека вооптшо не седел во кафулто „Пастед“ каде случи инцидентот. (Видеото можете да го погледнете ТУКА - 02:40 )

Untitled

Сепак на оваа снимка од самото кафуле се гледа дека Саше Ивановски седи на маса во кафулето.

Марко „Дај побрзај“ стана татко за прв пат

Водителот Марко Новески познат како Марко „Дај побрзај“ и неговата сакана Цена стапија во брак пред три години, а денес им се исполни најголемата желба да станат родители.

На социјалните мрежи Марко сподели дека станал татко на близначиња. Тој  објави и прва фотографија од новороденчињата под која напиша: „Добредојдовте Вања и Веда. Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон. Те сакам!“ 

Честитки на новите родители, да се здрави и живи и заедно да поминуваат само убави моменти. 

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Популарно