РЕШЕНО Е: Два народа – две Македонии!

Девет дена по аболицијата на Иванов и само неколку часа пред најавените најмасовни протести на симпатизерите на СДСМ (протестирам) и ГДОМ (ВМРО), би сакал да им порачам по нешто и на двете групи, кои сами за себе велат дека се на браникот на Македонија.

13001293_1271707389523896_4956019827693147160_n

И двеет групи себе се именуваат како „народот“, што по автоматизам значи дека во Македонија живеат два народа, со дијаметрално спротиставени ставови. И „двата народа“ се Македонци и се обидуваат да ја одбранат државата од другите. Двете групи имаат само уште една заеднича особина: двата табора бараат повлекување на аболицијата од претседателот Иванов. Тој пак, иако избран од народот, тврдоглаво стои зад својот став дека токму тој е заштитникот на Македонија. Уште еден херој, а ги има многу деновиве. Сите не спасуваат, а ние тонеме се подлабоко. Би било смешно, да не тажно.

Осум дена протести, а денеска финале. Во него од една страна ќе играат оние што протестираат пред СДСМ бидејќи Заев втор пат е аболициран, иако ниту Заев, ниту СДСМ донеле таква одлука. Против, од другата страна, оние кои тепаат полиција, бојат згради и споменици на луѓе кои направиле повеќе за Македонија од 10 нивни поколенија заедно, го плукаат и навредуваат секој кој мисли различно од нив, и тоа се во името на демократијата. Кој и да е исходот од финалево, Македонија ќе загуби. Всушност исход нема ни да има. Немаше ни лани кога во два дена „двата народа“ одржаа масовни митинзи. Со недели се фалеа дека на нивниот собир имало двојно повеќе од колку на оној другиот. Еве деновиве сме сведоци дека пак на ист начин се бројат и ја легитимират својата идеологија. Пишав и лани, ќе пишам и сега. Колку и да излезете вечер и утре и задутре.... пак ќе бидете помалку од нас кои не сме на улица. Најмогу 1/10 од народот за кој велите дека го преставувате. Народот кој му го одземавте правото на протест, во име на ваша демократија. Не, овој пат не се криви политичарите. Не е виновен Заев или Груевски, ниту нивните експерти, новинари, гласноговорници. Туку вие кои се продадовте за да излезете на улица. Знам дека во двете толпи има искрени луѓе кои навистина излегле да го искажат својот револт, но повеќето од вас се таму по наредба, по пари, по слава! Едните организирани по СМС пораки со „задолжително“ присуство, другите диригирани од српски „воџи“ платени од туѓи пари. Вие сте криви што сме тука каде сме, затоа што бескичмењачки му го одземавте правото на народот за протести. Затоа што секој спонтан протест или протест од мака го крадете за политички цели. Вие кои се преставувате како „Народот“, сте убијци на истиот. Одете си дома луѓе, доста не браневте! Кој ќе не брани утре од вас, ако го добите тоа што го барате?

За лудилото да биде уште поголемо, едните излегоа со листа од 8 барања, од кои барем 4 се ван здрав разум. Групата која нема лидер, нема тело, нема простории, побара да седне на маса при решавањето на кризата во Македонија?! Кој од нив ќе седне? Сите? Кој им дава легитимитет и кој ќе сноси одговорност за нивните грешки? Дали „протестирам“ прифаќа одговорност за хулиганите на протестите? Или тие беа вметнати од другите? Ако одговорот е да, зошто бараа да бидат ослободени приведените при првиот протест? Следно што бараат е одложување на изборите од 5ти Јуни! Како тоа? Прво, Вељановски и да сака не може да го направи тоа. Второ, од каде им легитимитет за ова барање? Следното налудничаво барање е преодна Влада! Пак рушење на Уставот во име на „демократијата“! (да не се потворувам, ни за ова немаат легитимитет. Всупност за ништо и немаат). И последно од глупоста барања, е формирање на Специјален суд, односно одделение на Кривичниот суд, што ќе решава за обвиненијата на СЈО! Паралелен суд? Затоа што овој не чини? Ок, еве да претпоставиме дека сте во право и дека македонското судство не е независно, како тоа овој оддел ќе биде? Кој ќе ги одбере судиите? Вие? Или Заев? Не ви е доволно неуставното СЈО? Зарем уште циркузи ни требаат?

За да не бидат покуси и оние од другата страна имаат барања. Да бидам реален нивните се само две и се реални. Бараат избори на 5ти Јуни, а истите се веќе распишани и бараат да се повлече аболицијата. Сепак нелогично е што избори бараат од опозицијата, а протестираат пред распуштено собрание. Додека за аболицијата протестираа на Бихачка пред СДСМ! Да бидеме искрени, тие не се на улица за да бараат нешто, туку да покажат дека и другата страна има народ зад себе. Да покажат дека овие првите не се народот, заборавајќи дека на тој начин докажуваат дека и самите не се народот.

И така на улица имаме два народа, две демократии, две Македонии! И едните и другите се таму за „наше добро“ и не бранат од лошиот странец, од „режимот“, го штитат името, се борат за нашите деца, за Македонија... И ќе останат таму за да не спречат нас да излеземе, ние да кажеме што мислиме. Ќе удираат по полиција, ќе бојат згради, силно ќе плачат по социјални мрежи дека се тепани, а немаат ни една модрица. Ќе не плашат со заговори, распарчувања, менување на име. ..Се со цел да бидат во центарот, што поблиску до зграбување на функција, пари и моќ.

Не сте вие „народот“ другари. Вие сте хиени кои се обидуваат да го однесат и она малку што ни остана. Нормално, се во името на демократијата.

Абтор: Пацифист

Заев сака, но не може да и даде на Бугарија

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи“, напиша вчера премиерот Заев и додаде: Јас работам на доближување на ставовите околу разликите, и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!

Не знам од каде да почнам.... Ајде од почетокот. Први Август 2017 година. Денот на потпишување на договорот и изјавата на Заев дека со овој договор Бугарија го „признала“ Македонскиот јазик. Ммммм...НЕ! Единствено место каде се спомнува македонскиот јазик е последниот пасос во кој се вели:
„Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност. “
Значи, согласно уставот на Република Македонија, што значи дека јазикот целиот свој легитимитет го влече од уставот, кој е менлива категорија и постои едвај 30тина години. За разлика од уставот, македонскиот јазик е официјален јазик векови наназад. 
Токму догооворот за добрососедство и лагите што тогаш ги ширеше Заев, се јасен аргумент дека премиерот знаел што го очекува и дека и сега знае што следува. 

Следно, „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“. Јазик не се признава. Јазик  постои и се кодифицира(стандардизира). Тоа што оваа влада постојано повторува дека македонскиот јазик е признат во 1977 година во Атина е само уште лага, со која повторно им се дава оружје на бугарските тврдења дека станува збор за бугарски дијалект. Во 1977 година во Атина со резолуција е усвоена латиничната транскрипција на македонската кирилица. Толку! Не се работи за никакво признавање, затоа што такво нешто не постои! Како тоа некој да ви признае јазик? Кој е тој што го може тоа?

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“, колку и гордо да звучи, нема никакво значење во спорот со Бугарија и Заев го знае тоа. Софија секојдневно повторува дека тие немаат проблем со тоа што ние денеска сме Македонци и зборуваме македонски јазик, туку со нашето минато. На Бугарија во моментов не и гајле дали сме ние Македонци, туку што тоа биле нашите предци. „Македонија и македонскиот народ се творба на Тито. Излажани Бугари, а македонскиот јазик е само дијакт на бугарскиот“. Тоа е ставот на Софија и во ништо не се оспорува со „гордата“ изјава на премиерот. 

„Етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас“. И со оваа реченица Бугарија нема никаков проблем. Како што реков и пред малку, Софија признава дека сега сме различни народи, со различен идентитет. Тие ја сакаат историјата. Тоа многу отворено го кажа нивниот министер, кога рече дека убаво што Заев прифаќа заедничка историја, само уште да признае дека е бугарска. 

„Јас работам на доближување на ставовите околу разликите“. За некој да работи на доближување на ставовите, прво треба да има став, а Заев го нема. Дури и кога личи дека го има, ЛАЖЕ! ЛАЖЕШЕ дека нема да се смени устав со цел да се смени уставното име! ЛАЖЕШЕ дека со „Преспанскиот договор“ е бетониран идентитетот, но ја изгубивме пола историја (историја +традиција +култура+јазик = идентитет). ЛАЖЕШЕ дека со договорот со Бугарија, Софија го „признала“ македонскиот јазик. ЛАЖЕШЕ дека не постои „Тиранска платформа“. ЛАЖЕШЕ дека сме добиле датум за прговори со ЕУ, барем 12 пати. ЛАЖЕШЕ дека има писмени гаранции за почеток на преговори со ЕУ. ЛАЖЕШЕ дека Бугарија во втората светска војна била само администратор во Македонија. ЛАЖЕ и сега! Заев нема став, затоа што тој не се обидува да го реши спорот со Бугарија за доброто на Македонија, туку за свое добро. Во ситуација кога земјава е задолжена над 60% од БДП (високозадолжена земја), по што му е јасно дека повеќе нема да може да се задолжува и многу скоро ќе остане без пари за плати и пензии, единствен спас му се европските фондови. Во ситуација кога Македонија е 7ма по смртност од Корона, а ситуацијата до прва ќе се влошува, Заев знае дека многу скоро (на пролет) ќе мора на избори. По сите порази, на сите полиња, Заев знае дека неговата политичка кариера завршува со тие избори. Но, не е тоа главниот проблем на премиерот. Она што него навистина го плаши е прогонот кој што му следува. При "All in“ има само две можни. Ги собираш сите чипови (успеси) од масата или губиш се, па дури и слободата. 

Заев во моментиве е давеник, налик Груевски пред неколку години. Разликаата е што Груевски бараше спас кај народот (кој го пљачкаше со години), а Заев очекува да му помогнат странци. Она што сеуште не го разбрал е дека, кога ќе ја изгуби довербата кај народот, странците нема да го есапат. Завршено е! Сега дури и да прифати дека до вчера сме биле Бугари, а јазикот ни е препишан од бугарски буквар од 1943 година, никако не може да му понуди гаранција на Борисов дека тој договор ќе биде почитуван од наша страна. При таков договор, диру ни почеток на преговори со ЕУ нема да му донесе победа на изборите, а тоа Софија го знае. Затоа, сега потписот на премиерот не вреди ништо во Бугарија. Од таму и изјавата на Каракачанов дека изјавите на Заев се празни зборови, му требаат дела. Делата Заев не може да ги понуди! Единствено што може да направи е дополнителна штета во односите со Бугарија со уше некој анекс договор, за кој нормално ќе ЛАЖЕ што подразбира. Ова не значи дека давеникот ќе престане да прета и да се бори за воздух и по цена на други жртви, но крајот е блиску, а СДСМ никако не може да го запре. 

По сите понижувања и неуспеси кои како народ ги доживеавме под оваа владејачка гарнитура, добрата вест е дека за неколку месеци ќе заминат во историјата (во онаа црната). Лошата вест, доколку драстично не се променат работите, е дека Мицковски ќе биде новиот премиер. Сегашниот лидер на ДПМНЕ кој не направи ама баш ништо, да го спречи Заев во своите антимакедонски политики, премиерската позиција ќе ја добие на тацна. Слично како што ја доби и претседателската функција во својата партија. ДПМНЕ под лидерство на Мицкоски не доби ниту едни избори, не оствари ниту една победа! Ако толку може како партиски лидер, колку (ич) ќе може како премиер?

Можеби малите партии (од кои се издвојува Левица) ќе можат да го искористат вакумот, но сеуште е рано да зборуваме за премиер кој не е челен на СДСМ или ДПМНЕ. 

Автор: Пацифист

(Фото) Му се слошило на работа, западнал во кома, а брзата помош го однела... ДОМА

На социјалните мрежи во Фејсбук групата "Стари Скопјани" се најде статус каде еден од членовите на истата група раскажа за случка која се случила во неговото семејство.

Имено, неговиот зет за време на работа му се слошило и се онесвестил. Неговите колеги повикале брза помош, но тие наместо веднаш да го хоспитализираат тие го транспортирале само до ДОМА.

"Состојба тогаш: не зборел, не бил при свест, не мрдал не бил контактибилен. Тој е на возраст од 40 години,а работи во близина на ГОБ "8ми Септември", ( па нели требало прво да го однесат на некакво снимање, преглед и сл, па така барем беше во наше време. Од како го донеле дома му ставиле инфузија и си заминале и ја повикале ќерками од работа. Сега мојот зет лежи во КОМА, не сум по таа струка за да знам што му е, но само лежи без никакви знаци. Денес дојдоа еднаш од брзата помош да му сменат инфузија и оставија некое кесе, па ќерками ми напиша на ливче што се треба да купам од аптека, изгледа ќе треба сами да го боцкаме. Понатаму ќе ве известам како ќе течат работите, но еве како се спремни оние од екипата на Филипче да помагаат на болните во време на пандемија."

"Мајко Македонијо" те ранија, те омаловажија, стана безимена

Ех, Македонијо мајко моја, Те ранија, те омаловажија, стана безимена. Станавме затворен логор. Потпишавме капитулација. Останавме затворена ковид држава. Секој ден гледаме луѓе без насмевка, луѓе со маски и тешки мисли “Како да издржиме и месецов?”. Во држава во која се шири вирусот со невидена брзина, каде секојдневно имаме над стотици заболени. Дури некои се спремаат за избори, народот се заразува.

ИЗБОРИ ЌЕ ИМА! Има ли пилот во авионот со име МАКЕДОНИЈА? Економијата ни тоне, здравството колабира, а сиромаштијата влегува во фаза на ЕПИДЕМИЈА.

Здравствените работници со последни сили се борат, десеткуваани, заразени и деградирани. Некои земаат картички, некои не но сите заедно и сложно се борат против невидливиот непријател. Без нивната храброст и пожртвувсност ќе бевме Вухан на Балканот. Со ваков галопирачки развој на вирусот, со ваква неспособна власт, ќе имаме долго, топло и пеколно лето и многу ладна есен и зима. Државата ќе банкротира со колабирано здравство, пандемија на сиромаштија и корона.

Ех.. МАКЕДОНИЈО.

М-р Боби Бојчевски

Популарно