Денеска умерено облачно, но утре и задутре...

sonce-oblaci(3)

Денеска е среда, 8 јуни 2016 година, 160-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 206 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 7 минути.

Денов трае 15 часа и 9 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 8 часот и 28 минути, а ќе зајде во 22 часот и 57 минути.

Временска прогноза

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи во јужните делови на земјава.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 20 до 26 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Во четврток и петок времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места, особено во западните делови од земјата.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло, а максималните дневни температури во јужните делови од земјата ќе го надминуваат 30-иот степен.

Претежно сончево време

Денеске времетео ќе биде сончево со умерен ветер од северен правец. УВ=8

Утринската температура ќе се движи од 8 до 14 степени, а дневната од 24 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветерод северен правец УВ=8. Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 33 степени. Следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

Сончево со мала до умерена облачност

Денеске времетео ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од девет до 20 степени, а дневната од 23 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ=7 Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дненвата температура до 30 степени. Следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

Целосна промена на времето - ова се температурите денеска

Сончево со мала до умерена локална облачност ќе биде времето во текот на денешниот ден. Попладне и кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен северен ветер. Температурите од 16 до 30 степени. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата. Температурите измерени во 14 часот во државава се следни:

Популарно