Скопје: Околу 50 лица повредени по земјотресот!

Околу 50 граѓани на Скопје се повредени после земјотресите во Скопје. Според информациите на zdravstvo24.mk најмногу, над 30 пациенти со скршеници на рацете и нозете, расекотини попладнево примени се во Клиниката за хируршки болести св.Наум Охридски.

mkd-63814

Десетина пациенти се третирани во ГОБ 8 септември. Лекари од болницата информираат дека сеуште се прават неопходни снимања на дел од пациентите за да се утврдат повредите. Како што изјавиле некои од пациентите, се повредиле додека се обидувале да избегаат од домовите за време на силниот земјотрес. Некои паднале по скали, други пак скокале од терасите од пониските спратови. Брзата помош само за 2 часа интервенирала кај 6 пациенти повредени при земјотресот. Сите биле транспортирани во скопските болници. Во Ургентниот центар при клиничкиот центар примени се двајца работници кои за време на земјотресот околу 15.10 минути работеле во магацин. Едниот имал потрес, а другиот се здобил со расекотини.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно