Колку беа силни и опасни земјотресите во Скопје?

По серијата земјотреси кои го погодија Скопје и регионот, по медиумите се појавија различни бројки за тоа колкав бил интензитетот на ударите. Главниот проблем е во тоа по која скала се мерат потресите, а има две. Меркалиева и Рихтерова. Во продолжение е објаснувањето за разликата во скалите.

ScalaRichter

Интензитетот е мерката на ефектот на земјотресот врз луѓето и зградите во специфично место, а мерењето на магнитудата (јачината) се одредува според развиената енергија за време на потресот.

Од неодамна, интензитетот се мери со Европската макросеизмичка скала (ЕМС) што е коригирана Меркалиева скала (МСК). Кога вредноста на интензитетот е поголема од 5, можно е дека земјотресот ги оштетил зградите.

Рихтеровата скала е за мерење на магнитудата. Теоретски таа нема долна и горна граница, но во практика има ограничена вредност и нема потрес кој е поголем од неа. Рихтеровата скала ја утврдува силата, т.е магнитудата на земјотресот. Чарлс Ф. Рихтер, американски сеизмолог ја вовел оваа скала во 1935. Скалата ја мери силата на земјотресот со броеви од 0 до 9. Скалата имаше и други вредности, но за среќа, откако се користи немало посилни земјотреси од 8,9.

Ова се видливите ефекти за секоја магнитуда на земјотресот:

Магнитуда 1-2: земјотресот може да се забележи само со сеизмограф или друг уред. Над 500.000 такви земјотреси се случуваат годишно.

Магнитуда 3-4: земјотресот едвај се чувствува. Лустери се нишаат, може да се случат помали штети. Има од 10.000-100.000 вакви земјотреси годишно.

Магнитуда 5-6: земјотресот многу се чувствува. Предмети паѓаат од полици, ѕидовите пукаат. Има од 20-200 вакви земјотреси годишно.

Магнитуда 7-8: земјотресот предизвикува голема штета. Паѓаат згради и мостови, патиштата се уништени. Вакви земјотреси има отприлика 10.

Меркалиева-Канкани-Сиберг (МКС) скала е скала со 12 степени и се користи во Европа. Покрај описот на настанот (ефектите на зградите од 6-от степен) има и мерливи интервали на забрзување кои се додаваат на секој степен.

Ова е МКС скалата според надворешниот ефекет на земјотресот со следниве степени:

1. Не се чувстува – се бележи само со уреди.

2. Многу слаб – го чувствуваат само некои луѓе во куќите, главно на повисоките катови.

3. Слаб – Мал број од оние кои се внатре ќе го осетат, главно има ист ефект како кога минува возило.

4. Умерен – Ќе го осетат многумина внатре и некои надвор. Ако е ноќе, некои ќе се разбудат. Чиниите, вратите, прозорите се тресат, ѕидовите пукаат, Има сличен ефект како куќа што се тресе поради потешки возила, ги занишува паркираните коли.

5. Прилично силен – скоро секој ќе го осети, многумина ќе се разбудат, прозорите ќе се скршат, ѕидовите ќе напукнат, се нишаат објекти кои висат од таванот, клатното на саатот може да застане, се нишаат дрвја.

6. Силен – Секој го осеќа, многумина се плашат и ќе излезат надвор, еден или повеќе тешки делови од мебелот се мрдаат од место, може да се урнат повеќе оџаци.

7. Многу силен – секој бега од дома во паника, има мали штети на зградите, а поголеми штети на несолидно изградените куќи, многу оџаци се рушат, возачите ќе го осетат при возење.

8. Прилично разорен – четвртина од зградите се многу оштетени, некои паѓаат, не се за живеење, паѓаат оџаци и фабрички оџаци, споменици, статуи. Од земјата излегува матна вода, не може да се вози.

9. Разорен – половина од градбите се тешко оштетени, релативно многу паднале, повеќето не се за живеење. Има пукнатини на земјата, се кинат преносните жици.

10. Многу разорен – тешко се оштетени ¾ од зградите, повеќето паднале, тешко се оштетени и солидно изградените згради, има свлечишта, огромни пукнатини на земјата.

11. Катастрофален – Сите камени куќи паѓаат, паѓаат и мостовите, преносните жици се неупотребливи, патиштата извиткани.

12. Тотално катастрофален – сите човечки структури се уништени, има бранови на површината, некои објекти се исфраат во воздух од земјата.

СИЛАТА НА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ

ИНТЕНЗИТЕТ (Меркалиева) / МАГНИТУДА (Рихтерова)

1 = 0,4 (незабележлив)

2 = 1,5 (неупадлив)

3 = 2,5 (некои ќе го осетат)

4 = 3,5 (повеќемина ќе го осетат)

5 = 4,4 (да те разбуди од сон)

6 = 5,2 (страшно, малку штета)

7 = 6,0 (штета на помали згради)

8 = 6,7 (неколку згради паднале)

9 = 7,4 (општа штета на зградите)

10 = 8,0 (главно паднале куќите)

11 = 8,5 (катастрофа)

12 = 9,9 (се менува пејзажот)

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно