Тешка сообраќајка - загина 28 годишна скопјанка

Тешка сообраќајна незгода се случила ноќеска, 45 минути после полноќ на патниот правец Велес – Скопје во кој животот го загуби 28 годишна скопјанка.

Сообраќајната незгода се случила кога моторното возило во кое се превезувала починатата удрило во десната страна на вијадуктот и се превртело. По незгодата со тешки телесни повреди се здобило лицето М.М. која починала на пат кон болница.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

ФОТО: Ова е монструмот кој си ги уби трите деца

Во Мали Луг, Босна и Херцеговина, пронајдени се три тела на малолетни деца и нивниот татко. Како што дознава Аваз овоа монструозно злосторство го извршил 37-годишниот Адмир Совиќ.

Тој очигледно маскрот го подготвувал со денови, дури и на еден свој пријател му најавил што планира. Тој ги убил своите деца синоќа, а потоа се обесил себеси.

Најмладото дете имало само 2 години, ќеркичката 5, а најстариот син бил трето одделение.

Сопругата го оставила Адмир пред 20 дена, што е можен мотив за ова крваво злосторство, а Адмир наводно ѝ рекол и на неа дека сите ќе ги убие ако го остави.

Соседите тврдат дека Совиќ бил поправач на земјоделски машини, а живеел во изнајмен стан заедно со сопругата и децата.

Додале дека не го познавале ниту него ниту неговата сопруга, бидејќи се доселиле неодамна.

Татко си ги закла трите деца па се самоуби

Морбидно убиство се случи денеска во Босна каде татко си ги уби трите деца откако сопругата го оставила.

Аваз пренесува дека татко ги заклал трите деца, па се самоубил, откако сопругата го напуштила. 

Сопругата го оставила пред 20 дена.

Полицијата е на местото на настанот.

Сопственикот на скопската менувачница кој уби двајца разбојници нема да биде гонет за убиство

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против едно лице, бидејќи постојат други околности што го исклучуваат гонењето, односно правото на нужна одбрана согласно чл.9 од Кривичниот законик.

Против лицето, од страна на МВР – СВР Скопје, беше поднесена пријава за кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.3 од Кривичниот законик за настанот кој се случи на 27.11.2017 година во менувачница во Кисела Вода. Пријавениот, инаку сопственик на менувачницата, со пиштол кој го поседувал со дозвола, лишил од живот две лица кои насилно влегле, му се заканиле вооружени со пиштоли, му нанеле повеќе удари во пределот на главата и грбот и се обиделе да извршат кривично дело разбојништво во менувачницата.

Во текот на постапката, меѓу другите докази, беше прибавен и вешт наод и мислење за пресметливоста на осомничениот, во кое беше констатирано дека тој бил психофизички здрав и пресметлив, но дека во критичниот момент кај него се развил интензивен страв за сопственото здравје и живот, кој кулминирал кога двете лица влегле зад пултот на менувачницата и започнале да вршат физичко насилство врз него. Од анализата на сите докази прибрани во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител оцени дека осомничениот немал претходно формирана намера некого да лиши од живот, туку делувал исклучиво во нужна одбрана, со цел да го заштити својот живот, своето здравје и имот.

Притоа, одбраната била преземена во истиот момент кога бил и нападот и таа е сразмерна на нападот, со што се исполнети елементите на институтот – нужна одбрана, кој не дозволува лицето да биде гонето за кривично дело убиство.

Популарно